Случајна објава на Инстаграм го извлекла ова гратче од мракот и оттогаш му се пишува една поинаква приказна. Вистината е, на вакво место не му било судено да остане во позадина…
Фројденберг е сместен во западна Германија, на подрачјето на сојузната државата Северна Рајна-Вестфалија. Во близина е до поголемите градови како Келн, Дортмунд и Бон кои се на само еден час со автомобил, а до Франкфурт е потребно час и половина. Лежи на ридско подрачје, помеѓу 240 и 505 метри надморска височина, а целата негова површина зафаќа 54 квадратни километри, од кои две третини се шуми.
По што е толку посебен?
Фројденберг е уникатен по својата специфична и автентична архитектура. Имено, сите негови куќи датираат од 17-от век, 80 од нив, изгледаат исто и се посебни по начинот на градење. Веднаш ќе ги забележите црно-белите фасади кои му го даваат на ова место „тоа нешто“. Најдобро време за посета на градот е есен или зима – тогаш целата глетка изгледа уште помагично, особено кога снегот ги украсува крововите на куќите.
Вистинска ѕвезда на Инстаграм
Токму тие зимски фотографии го направија Фројденберг вистинска ѕвезда на Инстаграм. Една случајна објава на Инстаграм го извлекла ова гратче од мракот и доколку пандемијата не ги „забавеше“ патувањата, којзнае колкави редици би се создавале за добра фотографија.
Вистината е, на едно вакво место не му било судено да остане во позадина. Градските власти го препознале туристичкиот потенцијал на Фројденберг и затоа ќе го реновираат градскиот парк од кој се пружа еден од најдобрите погледи.
Тука во блиска иднина би требало да има и кафуле со слаткарница и сето она што е потребно за вистинско уживање во погледот кон градот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден