Иако постои болница, таа е наменета за секојдневните болести, а жените одат на копно за да се породат. Исто така од педесеттите години на минатиот век таму е забрането закопување на мртвите поради тлото кое што речиси секојпат е полу-замрзнато.
Норвешка оваа година беше прогласена за 4-та најсреќна држава на светот. Животот на север од Европа не е евтин, но привлекува многу туристи. Многумина од нив посакуваат засекогаш да останат таму.
И, додека за поголемиот дел од државите потребна ви е виза за да престојувате таму, Свалбард им дозволува да останат на сите без посебна дозвола. Односно, такво беше правилото пред коронавирусот.
Свалбард се наоѓа во Арктичкиот океан и се смета за најсеверен дел од Кралството Норвешка. Доколку имате исцрпен извор на пари, потребно е пред пристигнувањето таму да си пронајдете работа и место за живот – затоа што животот таму не е евтин.
Лонгјербјен е најголема населба и главен град на Свалбард кој што се наоѓа на најголемиот остров на архипелагот – Спитсберген. Таму живеат околу 1.800 жители од кои поголемиот дел Норвежани и Руси, но тој е дом на луѓе кои потекнуваат од 50 различни земји од светот.
Нив ги привлекува мирот, тишината и восхитувачката природа – дури две третини од островот се заштитени. Но, таму има и интересни предизвици, со оглед на тоа што Свалбард се наоѓа на половина пат помеѓу Норвешка и Северниот пол.
Таму просечната температура изнесува -14 степени целзиусови назима и околу 9 степени целзиусови налето.
Се вели дека таму постојат само три годишни времиња – поларно лето, зима со поларна светлина и сончева зима.
Со други зборви, таму четири месеци во годината владее темнина и четири месеци светлина.
Таму исто така треба да внимавате на поларните мечки кои што според некои статистики ги има повеќе и од луѓето, околу 3.000. Иако тие не се приближуваат до населените места, сепак жителите имаат дозвола да носат оружје за одбрана – за секој случај.
Таму нема криминал, а жителите никогаш не ги заклучуваат своите домови пред да одат на спиење.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден