во , ,

Јавноста „во солзи“ од смеа – Србин му испратил приватна порака на Гејтс во врска со вакцината: „Добар ден чичко Бил, само да прашам нешто…“

Во последните неколку месеци многу брзо се ширеа теориите на заговор за него. Освен за маските и средствата за дезинфекција, цел интернет пишуваше и за вакцините, чипувањето и измената на човечката ДНК.

Еден од главните виновници за пандемијата на коронавирусот, кој што наводно сака да ја искористи за да ни вгради микрочипови под кожата, според теоретичарите на заговор е основачот на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс, а шегите на негова сметка се многубројни на социјалните мрежи.

Со оглед на сето тоа, еден Србин одлучил да се пошегува со Гејтс, па му испратил приватна порака на социјалната мрежа Инстаграм:

„Добар ден чичко Бил, само да прашам нешто поврзано за овие вакцини во кои што ставаш чипови. Треба ли чиповите да се ‘апдејтираат’ на годишно ниво или пак може да се ‘кракува’? Може ли да излегуваме надвор додека грми? Доколку ме следите преку нив може ли сопругата да појде на „Гугл мапс“ и да види дека пијам во кафеана? Леле, многу прашања имам, дај ми број од телефон, па да се чуеме вечерва, да ми се јавиш да си раскажеме некои работи, немам многу минути“, пишувало во пораката.

Погледнете го Твитот:

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Ситуации што им се познати на сите кои чуваат милениче

Вирална фотографија: Пингвини се прегрнуваат додека уживаат во прекрасна глетка