Периодот на маратонското гледање на празничните филмови наголемо почна. Првиот голем хит секако дека е „Сам дома“, кој што првпат беше емитувана пред 30 години, а ретко кој не го гледал филмот повеќе пати.
Меѓутоа, еден верен фан признал дека филмот го погледнал дури 50 пати и дури потоа воочил еден важен детаљ кој што објаснува зошто всушност Кевин останува сам во домот.
Имено, сценариото на филмот ја следи приказната за осумгодишниот Кевин кој што останува сам дома за време на Божиќ кога неговото семејство тргнува на патување во Франција и случајно го забораваат дома.
Како да не е доволно трауматично тоа што останал сам дома за Божиќ, туку Кевин мора да се бори дома против крадците Хери и Марв.
Се поставува прашањето како е можно семејството да отпатува во Франција, а да не забележат дека им недостасува нивниот најмлад син?
Одговорот се крие на самиот почеток од филмот и тоа во сцената кога Кевин и неговиот брат се тепаат, па случајно ќе истурат пијалак по авионските карти и пасоши.
Кевин влегува и го чисти нередот со салфети кои што потоа ги фрла во корпата за отпадоци. Во еден краток кадар прикажана е содржината од корпата за отпадоци, а меѓу салфетките се наоѓа и картата на Кевин за летот.
„Го гледам „Сам дома“ по 50-ти пат, а никогаш не сум забележал дека на почетната сцена, кога во кујната ќе се случи тепачката, картата од Кевин завршува во корпата за отпадоци. Кој би рекол?“, напишал корисникот на социјалната мрежа Твитер, а со него се согласиле многумина.
https://twitter.com/JonjayJJ/status/1335646428887195659?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1335646428887195659%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F363612%2Fedit
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден