во , ,

Пораката на 10-годишното момче кое стекнало нови пријатели ги разнежни срцата на интернет корисниците

Иако е навикнат на интернет да се пишува за него, канадскиот политичар и поранешен спортист Рави Калон овој пат не е во фокусот на јавноста.

Твитер сега пишува за неговиот 10-годишен син.

Имено, Калон објавил фотографија од пораката која ја добил неговиот син и која ги стопи срцата на многумина. Гордиот татко се пофалил дека неговиот син и неговиот другар му пришле на едно момче кое било нов ученик во училиштето и кое седело само. Синот се вратил од училиште со емотивна порака.

„Беше одлично чувството да седам со вас надвор. Ви благодарам многу. Ме интересира дали би можел да почнам да ви се приклучувам надвор?“, стои во пораката на детето кое било благодарно за друштвото.

Момчето над пораката нацртало виножито, симбол на мир и радост за многу деца.

Интернет корисниците ја наградиле објавата со речиси половина милион лајкови, а многумина се присетиле на своето детство и на чувството на изолираност од другите.

„Се расплакав, прекрасно“, „Децата ги слушаат, но и ги гледаат родителите. Ова кажува многу за тебе“, „Како дете променив 6 училишта и знам колку е тешко да се спријателиш. Да се биде ново дете знае да биде депресивно. Испраќам прегратки до твојот прекрасно одгледан син“, се дел од бројните коментари под објавата.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Забавни илустрации покажуваат како се менува нашиот живот по 30-тата година

Фајзер чорба, ќебап на д-р Несторовиќ: Белградски ресторан со урнебесно ковид-мени