во ,

Лава колач: Неодолив чоколаден „вулкан“ поубав од секој друг десерт на светов!

Со овој десерт нема грешка затоа што едноставно е совршен, а исто така лесно се подготвува.

Состојки:

160 грама темно чоколадо;
2 јајца + 2 жолчки;
60 милилитри слатка павлака;
110 грама путер;
70 грама шеќер;
1/2 лажица екстракт од ванила;
35 грама брашно.

Подготовка:

–  Стопете 60 грама чоколадо во 60 милилитри слатка павлака на пареа.

Добро промешајте за смесата да се соедини, па ставете ја во фрижидер да отстои околу два часа.

Направете шест топчиња од подготвената смеса и повторно ставете ги во фрижидер.

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а 6 калапи за суфле или пак лава колач премачкајте ги со путер или масло за јадење.

На пареа стопете ги останатите 100 грама чоколадо со путер, па оставете смесата малку да се излади.

Изматете ги јајцата, жолчките, шеќерот и ванилата.

Измешајте го стопеното чоколадо и брашното, па помешајте.

Ставете го тестото во калапи, но во секое од нив внатре ставете по едно од претходно подготвените чоколадни топчиња.

Печете во рерна околу 15 минути, сè додека надворешниот слој не биде тврд на допир.

Оставете да отстојат околу 5 минути во рерна, па потоа извадете ги.

Со остар нож извадете ги колачите, па послужете.

Пријатно јадење!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оваа девојка од Чешка е опседната да изгледа како Барби

Студент споделил рецепт од својата мајка кој му помогнал да го врати сетилото за вкус по Ковид-19, стотици луѓе го испробале