во , , ,

8 Неверојатни факти докажуваат дека Корejците се универзум за себе

Шетајќи низ Сеул или другите градови во Јужна Кореја ќе видите мали киосци во кои се предвидува иднината. Луѓето гатачките ги сфаќаат сериозно и ги посетуваат пред испит на факултет, започнување на бизнис и слично.

Корејската култура е сосема поинаква од нашата. Од навики на тема мода до начини на однесување во секојдневието, Корејците се друг универзум.

Како изгледа животот во Јужна Кореја?

Интересни факти за животот на Корејците:

Таму не е важно што ќе кажете, туку и како ќе го кажете и постои дури и специјален начин на изразување наречен „aegyo“, што значи прикажување на емоции на сладок начин со детски тон, слатка фацијална експресија и гестови.

Кореец ако сака да ви покаже воодушевување ќе ви каже: „Имаш навистина мало лице“.

Оваа фраза може да ги збуни странците, но Корејците веруваат дека малото лице е атрактивно и тоа е комплимент.

Во Јужна Кореја постарите пријатели се грижат за помладите, па природно е постарите да ја платат сметката во ресторан или да им помогнат на каков било начин.

Постарите генерации во Кореја на времето спиеле на подови, па потоа почнале да спијат на тврди кревети наместо на душек, најчесто опремени и со систем за греење. Некои луѓе уште го прават тоа.

Шетајќи низ Сеул или другите градови во Јужна Кореја ќе видите мали киосци во кои се предвидува иднината.

Луѓето гатачките ги сфаќаат сериозно и ги посетуваат пред испит на факултет, започнување на бизнис и слично. Ова е можеби затоа што посетата на психолог не е многу одобрена во општеството и влијанието на традицијата е уште многу силно.

Таму има доста чудни работни ангажмани, како на пример да бидете ангажирани како гостин на нечија свадба, за учеството на церемонијата ќе бидете платени, а семејствата ангажираат луѓе за да го демонстрираат својот социјален статус.

Се сметаат за едни од најстилските луѓе во светот, девојките повеќе сакаат рамни чевли отколку високи потпетици, а дури и кога носат тие се само неколку сантиметри високи.

Корејките сѐ уште имаат непишан дрес код да не се облекуваат премногу провокативно, на пример предлабоко деколте може да предизвика осудувачки погледи.

Многу локалци носат чевли кои им се еден или два броја поголеми, затоа што веруваат дека стапалото треба да дише.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тиктокер го покажа најлошиот стан во Њујорк кој чини 1.650 долари месечно – но, што добивате?

8 Чудни и необични работни места во палатата на кралицата Елизабета