во ,

Топ 5 Најзначајни пронајдоци, откриени сосема случајно

Како што рече англискиот филозоф Томас Хобс: „Во науката не бараме толку многу причини за она што било, колку што има за она што може да биде“. Ова се применува во полна сила за овие 10 случајни откритија. Водечките научници својот живот го посветуваат на потрага по нова медицина, изум или иновација, но и малку среќа нема да повреди никого.

Пеницилин

Една од најпознатите приказни во науката – откривање на пеницилинот, кој се претвора во ноќна мора за бактериски инфекции.

Во август 1928 година, шкотскиот биолог Александар Флеминг одлучи да направи пауза од работата по долго истражување на стафилококи. Кога ќе се врати на 3 септември, тој забележува дека една од стафилококните култури фатила мувла, што ги убила бактериите. Така, во светот се појави пеницилин, кој се покажа како безопасен за луѓето и животните. Откритието на Флеминг, сепак, остана незабележано повеќе од 10 години, сè додека Хауард Флори и Ернст Борис Чејн наидоа на неговото објавување и решија да го повторат експериментот.

Александар Флеминг е добитник на Нобелова награда за медицина во 1945 година.

Микробранова печка

Понекогаш се што ви треба за да придонесете во науката е да понесете нешто да јадете. Додека работел за компанијата  Рејтон, американскиот инженер Перси Спенсер поминал пред магнетрон – вакумска цевка што се користела за производство на микробранови и забележал дека се стопило чоколадото во неговиот џеб.

Во 1945 година, по уште неколку експерименти, Спенсер успешно ја измислил првата микробранова печка. Првите модели биае доста големи и непрактични. Во 1967 година, сепак, компактните микробранови печки започнаа да ги исполнуваат американските домаќинства.

Велкро

По една прошетка во шума во 1941 година, швајцарскиот инженер Жорж де Местрал забележал трње на  крзното на неговото куче. Откако одблизу ги погледнал, откри дека тој вид на трње имаат минијатурни куки што висат и се закачуваат скоро на сè. Тој одлучи дека ако може да ги пресоздаде овие куки, веројатно ќе добие нешто корисно.

Резултатот? Велкро материјал. Тој не успеа да влезе во модната индустрија, но во 60-тите години НАСА започнае да го користат. Агенцијата користи користи велкро материјал за костумите на астронаутите.

Тефлон

Во 1938 година, Рој Планкет, научник од Дупонт, се обидел да ги направи фрижидерите попрактични, барајќи начин да го замени тогашниот систем за ладење, кој главно се состоел од амонијак, сулфур диоксид и пропан.

Откако го отворил садот со еден од примероците што ги развивал, Плункет откри дека неговиот експериментален гас исчезнал. Останала само една чудна, лизгава супстанца која издржала на високите температури и изложеноста на хемикалии.

Во 40-тите години, материјалот се користел во проектот Менхетен. Една деценија подоцна, тој најде примена во автомобилската индустрија. Дури 20 години подоцна, тефлонот започна да се користи за нелепливи прибор за домаќинство.

Вулканизација

Во 30-тите години на 19 век, гумата бела популарен материјал за водоотпорни чевли и чизми, но не издржувала минуси и високи температури. Ова воело до многу незадоволни потрошувачи кои тврделе дека гумата нема иднина. Чарлс Гудјер, сепак, не се согласувл.

После години обиди и грешки, научникот го направил своето најголемо откритие случајно. Во 1839 година, американскиот пронаоѓач Чарлс Гудјер најде начин да ја стабилизира температурата еластичноста на гумата со мешање на сирова гума со сулфур и потоа загревање. Овој метод се нарекува вулканизација, и веројатно е првиот процес на индустриска полимеризација.

Гудјард никогаш не го искористи успехот на неговото откритие и почина во долг од 200 000 американски долари откако дозна дека неговата ќерка починала.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Топ 10 најбогати деца на светот, кои сами си го заработиле богатството

25 Слики докажуваат дека средновековните уметници биле многу лоши во цртање лавови