во , , ,

„Рај на Земјата“: Таму нема патишта, автомобили и врева – наоколу само вода, мир и црцорење на птиците…

Ова парче мал рај на земјата се наоѓа во Холандија, а се надеваме дека ќе ве освои со својата уникатност.

Во Холандија се наоѓа мало чудно островче наречено Scheendijk кое што од птичја перспектива изледа како „искинат чорап“.

Купи Маица ❤

Помалечки парчиња земјишта кои што се опкружени со вода и на кои што се наоѓа по една куќичка – овој остров го прават магичен.

Оние кои што се будат на ова место, велат дека ништо освен црцорењето на птиците не слушаат.

Овој остров уште се нарекува и рај на земјата, а за туристите „отворен“ е во текот на пролетта, летото и есента, но не и во текот на зимата. Назима таму е забрането да се престојува.

Посетителите помеѓу куќичките исклучително се движат со чамци затоа што друга опција не постои. На моторните чамци таму не им е местото (затоа што го нарушуваат мирот), па ќе добиете само кану или пак чамец со весла. На кучињата и останатите домашни миленичиња таму престојот не им е дозволен.

Куќите кои што се наоѓаат на овој магичен остров често не се изнајмуваат поради тоа што тие се приватна сопственост на Холанѓаните.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

600

56 Фотографии докажуваат дека понекогаш реалноста е многу почудесна од Фотошопот

7 Неверојатни факти за „таткото на астрономијата“ Галилео Галилеј