Препишувавте ли вие на училиште или бевте противници на извлекување по полесниот пат? Кој беше најкреативниот „препишувач“ што го знаете во животот?
Периодов, часовите и предавањата, за жал, се одвиваат онлајн и контролата од страна на професорите е потешко да се спроведе, што и не е толку добро за образованието на децата.
Но, ајде да се потсетиме како беше кога се одеше на училиште. Кои се најсмешните изуми за препишување на учениците?
Дефинитивно, сме против препишување и сме за чесно заслужени оцени. Не сакаме да даваме идеи, туку само да се насмееме на креативноста од одредени ученици.
Најкретивните изуми за препишување:
Ученичка си ги напишала математичките формули со лак на ноктите.
Ученик успеал да го сокрие својот мобилен телефон во калкулаторот за да ги пребарува одговорите на Гугл.
Ученик ставил „лажна“ рака на клупата, а со својата доле пребарува на телефонот за да препише.
Ученик ги напишал формулите на истуткана салфетка, која наводно ја користи за бришење на носот.
Ученик ги изгравирал формулите на ѓонот од своите патики.
Ученик ги испринтал информациите за тестот и ги залепил на шишето од својот пијалак, како етикета со „информации за неговиот состав“.
Ученик глуми дека има повреда, а крие информации за тест под фластерот.
Ученички кријат под здолништето ливчиња со испишани информации.
Ученик сокрил во пенкалото ливче со информации што не може да ги запомни.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден