во , , ,

Мечето Ушко, ненадминат херој од детството: Родителите го обожавале затоа што си легнувал во соодветно време…

Мечето Ушко (полски: Miś Uszatek) е полски лик од анимираната телевизиска серија со исто име. Заедничка творба е на полскиот писател Чеслав Јанчарски и карикатуристот Збигњев Рихлицки.

Првото појавување на Мечето Ушко било во полското комично списание за деца, „Miś“, на 6 март 1957 година. Меѓутоа, својата најголема популарност ја стекнало во 1975 година, кога Студиото за мали филмски форми, СЕ-МА-ФОР од Лоѓ, ја создало анимираната серија за Полската Радио Телевизија, вклучувајќи го глумецот Мјечислав Чехович, кој им го позајмил гласот на ликовите.

Во полските ранг листи за најдобра анимирана серија на сите времиња, Мечето Ушко било најчесто на второто место, веднаш зад Болек и Лолек.

Мечето Ушко и неговите пријатели – Прасенцето (Prosiaczek), Зајачињата (Króliczki) и Зајачето (Zajączek), како и Кученцето – беа обожувани од најмладите. Во исто време, Мечето Ушко, ја имало улогата на пријател од градинката.

Тоа исто така имало големи симпатии и кај родителите, бидејќи секогаш си легнувало во соодветно време, пеејќи ја приспивната песничка:

Pora na dobranoc, bo już księżyc świeci. Dzieci lubią misie, misie lubią dzieci…

СЕ-МА-ФОР направил 104 епизоди од оваа анимирана серија; а последната епизода се емитувала во 1987 година. Книгата за нашиот омилен херој, мечето Ушко, е достапна и на македонски јазик.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најурнебесното купување на интернет: Нарачал панталони и очила, а добил неверојатно женско парче облека

20 Неуспешни обиди за совршена фотографија кои ќе ве насмеат до солзи