во ,

Централ Парк е шега за него: Совршен њујоршки парк за кој веројатно никогаш не сте чуле

Сите го знаеме фамозниот њујоршки Централ Парк, но денес го истражуваме малку поинаквиот Њујорк – не како град, туку како сојузна држава.

А паркот низ кој ќе ве „прошетаме“ денеска не е опкружен со набиени облакодери туку со други паркови, шуми, езера… Сè што е потребно за еден љубител на природата за потполно уживање и полнење на батериите на еколошки начин.

„Воткинс Глен Стејт Парк“ („Watkins Glen State Park Gorge“ гласи целосното име) е нешто што мора да го доживеете ако некогаш отпатувате „преку барата“. Начинот на кој човечката рака интервенирала (уредување на мостови, премини, патеки) во совршената природа е толку ненаметлив, а толку импресивен што засекогаш ќе го паметите. Не е ни чудно што многумина го поврзуваат неговото име „Gorge“ со зборот „gorgeous“ (прекрасен).

Овој парк всушност го нарекуваат село бидејќи неговиот јужен дел се наоѓа во близина на село додека северниот дел преоѓа во шума. Отворен е за јавноста во 1863 година кога сè уште бил во приватни раце, а кон почетокот на 20-от век е купен од страна на њујоршката држава.

Се простира на 3 квадратни километри и станува збор за повеќе патеки и шеталишта во кои можете да уживате во шумата, езерата, водопадите и околните карпи кои оставаат впечаток како да шетате низ кањон.

Можете да бирате помеѓу 8-те планински патеки, но доколку сакате нешто полесно, не грижете се – овие патеки не се тешки и на нив се шетаат и стари и млади, и деца и миленици. Неколкуте скали малку ќе ве натераат да се помачите, но глетките кои ве следат по целиот пат навистина се исплатат за тоа.

Во внатрешноста на паркот постојат и подрачја на кои посетителите можат да кампуваат или да ги постават простирките за пикник. Посебно место е резервирано за „поцивилизираните“ активности, па тука ќе пронајдете и павилјон, продавница за сувенири, простории за дегустација на вино, куќички за одмор, кабини за пресоблекување и туширање… А на радост на сите, паркот е отворен преку целата година.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

31 Смешни стрипови со неочекувани пресврти

Бабата Шо ја примила втората доза од вакцината за коронавирус, па добила чуден упат од докторот: „Сега ви е дозволено…“