Психолозите долго време зборуваат за тоа дека кризата која се појавува во животот не е проблем, туку фаза на личен развој, момент кога е потребно да направите нов чекор во животот.
Но, тоа не значи дека знаците за криза се депресија и тага и тие не се секогаш негативни.
Кризата може да се појави како резултат на промена во условите на живот, или критични моменти како завршување на студии, почнување нова работа, брак, раѓање дете, селење или пензија.
Сите овие промени се пропратени со по некои потешкотии и тоа ни создава тензија. Но, кога ќе забележите дека сте во таков период, значи дека треба да промените нешто за да можете да го направите следниот чекот.
Понекогаш, можеби и не сте свесни за тоа, но затоа, обрнете внимание на следниве знаци:
Спиете повеќе или помалку од претходно
Кризата секогаш предизвикува стрес кај човекот, а тоа влијае и на промените во сонот. Понекогаш, нема да може да се разбудите до пладне, или пак, нема да можете да заспиете до утринските часови.
Се споредувате со други, поуспешни луѓе
Можеби и не живеете толку лош живот, но кога поминувате низ криза, сте поранливи и се чувствувате многу неуспешно, па можно е да се појави завист или споредување со други успешни личности или кои живеат навидум подобар живот.
Тешко ви е да се фокусирате на она што до неодамна ви било лесно
Вниманието и концентрацијата функционираат добро само кога човекот е релаксиран и уверен.
Ако постојано се мачи со непотребни чувства, почнува работата да станува многу потешка, концентрацијата паѓа, иако истото претходно можеби ви било интересно и возбудливо.
Посакувате да оставите сè и да си заминете некаде далеку
Големите промени во животот кои носат тешки одлуки, препреки и стрес најчесто влијаат негативно на луѓето и во одреден момент на криза, тие посакуваат да остават сè и да побегнат од реалноста.
Расположението ви се менува брзо и драматично
За време на криза, работата на нервниот систем и на хормоните се менува. Ова влијае на нашето расположение кое многу брзо се менува драстично.
Купувате облека многу почесто од порано
Во кризни моменти од животот, луѓето најчесто сакаат да се задоволуваат себеси со нешто, што ги оддалечува од реалноста и прави да уживаат барем малку во животот.
Не сакате да готвите
Ако претходно со задоволство сте влегувале во кујната за да зготвите нешто вкусно, сега може да покажете револт и да не сакате повеќе да ја делите храната со никого.
Често сте носталгични
Во тешки моменти, навраќањето на минатото може да влијае негативно, бидејќи го преценувате истото и мислите дека тогаш било многу подобро од сега.
Не го планирате одморот долго однапред
Ако порано сте биле тип што 6 месеци порано разгледува сместувања и места за патување, сега не преземате ништо додека не дојде минимум 1 месец пред одењето, бидејќи едноставно немате желба.
Драматична промена во апетитот
Нервозата и стресот се тесно поврзани со апетитот. Зависно од човекот, некој ќе изеде што е можно повеќе за да го затрупа проблемот, а друг пак, може и да заборави неколку оброци.
Не сонувате и фантазирате
Секој во главата понекогаш има фантазии и соништа кои можеби би посакал еден ден да станат реалност. Независно за што се работи.
Но, за време на криза во животот, имагинацијата престанува да се наоѓа на дневниот ред.
Веќе не е интересно да се сонува за нешто што нема да се оствари.
Се држите до старите пријатели
Во период на криза, почнувате да забележувате дека пријателите од корист полека ќе исчезнат и тоа е нормално.
Не е нормално ако имате опсесивна желба да комуницирате по секоја цена со луѓето од детството.
Ги одложувате обврските
Доколку поминувате низ период на криза ќе забележите како полека ги откажувате или прескокнувате сите дополнителни активности.
Понекогаш, можеби нема да сакате да одите ни на работа и ќе измислувате оправдувања.
Се срамите од тоа, но мислите дека не може да промените ништо. Ова значи дека кризата е веќе во сериозна фаза и ве обземала.
Не го оставајте тоа така и борете се.
Се извинувате за секоја постапка
Самодовербата е на ниско ниво за време на криза, па оттука доаѓаат и нападите на срамежливост и извинувања во секоја ситуација.
Се плашите
Не знаете што ќе правите понатаму и каква ќе биде вашата иднина. Ова ве плаши и ви предизвикува мисли за негативните работи кои може да се случат.
Не верувате во ничија поддршка
Секој има сопствени грижи и тоа е сосема нормално. Но, тоа не значи дека не треба никој да ви помогне во тешките моменти.
За време на криза, тешко ви е трезвено да пристапите кон ситуацијата и да разберете на кого може да му се доверите и да побарате помош.
Како да ја надминете кризата?
Прво, забавете го темпото. Секако, не е лесно, но ако не се сопрете по ваша волја, животот порано или подоцна ќе ве запре на насилен начин.
Земете неколку слободни денови, исклучете го телефонот, размислете и одлучете што е важно и вредно за вас.
Прифатете се себеси и вашите цели кои ќе си ги поставите за тој период. И почнете да дејствувате.
Главното правило за надминување какво било кризи во животот е да не се криете, туку да се борите и да ги решавате сите проблеми, колку и да е тешко.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден