во ,

Мила девојко, толку си млада, како успеа да заработиш за сите тие богатства?

Калуѓерка стопира на патот. Ја качува една млада убавица со убав спортски автомобил, скап накит, брендирана облека. Калуѓерката започнува разговор:

– Мила девојко, толку си млада, како успеа да заработиш за сите тие богатства?

– Па лесно. Си имам неколку љубовници, првиот ми ја подари колата, вториот ме облекува и ми купува накит, а со третиот се шетам низ целиот свет.

Калуѓерката длабоко се замислува. Вечерта на вратата од нејзината соба некој тивко тропа три пати. Таа нервозно вреска:

– Отец Алберт, ај мавни ми се од пред врата со тие наполитанки!!!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кој ми спиел на моето место?!?

Господ решил да ја види состојбата во македонското здравство, па се преправил во матичен доктор…