Првата голема серија на „Amazon“, според најавите ќе биде и најскапа во историјата на телевизијата, оставајќи ги зад себе и сериите „Круна“ и „Игра на тронови“.
Американската ТВ платформа „Amazon“ за снимањето на првата сезона од серијата „Господар на прстените“ планира да потроши околу 465 милиони долари, пренесува „Hollywood Reporter“.
Изворите потврдиле дека станува збор за огромна сума на пари, но во сумата се пресметани и трошоците за лансирање на серијата која што веројатно ќе има неколку сезони.
Во претходните проценки се спомнувале околу 500 милиони долари за произведување на повеќе сезони, но не се споменале трошоците од 250 милиони долари само за авторските права на Толкин.
Снимањето на серијата веќе започна во Нов Зеланд
„Ова е фантастично! Ова ќе биде најголемата телевизиска серија која што некогаш била направена“, изјавил за тамошните медиуми Стуарт Наш, министер за економски развој и туризам на Нов Зеланд.
Се претпоставува дека дејството ќе биде сместено илјадници години пред настаните во „Господар на прстените“ и „Хобит“ и дека гледачите ќе се вратат во времето во кое што се создавале големите сили, а кралствата се издигнувале и паѓале.
Актерската екипа е составена од Роберт Арамајо, Назанин Бониади, Морфид Кларк, Исмаел Круз Кордова, Ема Хорват и други.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден