Трчање низ домот откако ќе го избањате, движење во сонот, брзо мавтање со опашката – погледнете што значат најчестите однесувања на вашето куче.
Кучињата се одлични и лојални миленици, но некогаш нивното однесување може да биде збунувачко. На пример, сигурно сте забележале дека неретко кучето кружи во неговото креветче пред да си легне, или дека ја мрда ногата додека му го чешкате стомакот.
Со овие, но и други слични однесувања, кучето неретко сака да ви сигнализира нешто. Некои однесувања, пак, кучето ги наследило од неговите предци и ги прави инстинктивно.
Па, погледнете што значат најчестите однесувања на кучињата миленици:
Си ја брка опашката
Постојат неколку причини за ова однесување. Најпрво, ако кучето си ја брка опашката, можно е да му е досадно, па на овој начин се забавува.
Некогаш кучињата ја бркаат својата опашка ако имаат паразити, па во овој случај добро би било да се консултирате со ветеринар.
Кај некои кучиња, пак, може да се појави опсесивно компулсивно нарушување, поради кое си ја бркаат опашката, а ако се сомневате дека причината е тоа, повторно консултирајте се со ветеринар.
Ви ги лиже стапалата или лицето
Ова е едно од најчестите однесувања кога кучето сака да ви покаже љубов или почит. Некогаш, пак, кучињата го прават ова за да ви го привлечат вниманието.
Ја навалува главата на едната страна
Сигурно сте забележале дека ова е едно од најслатките нешта што ги прави вашето куче. Кучињата ја навалуваат главата на едната страна кога се зачудени, односно кога се обидуваат да ве разберат. Според некои експерти, со ова навалување кучињата си овозможуваат подобар поглед на она што е пред нив.
„Уништување“ на играчките
На речиси секое куче му се случило да ја фати играчката во уста и да почне да ја тресе главата, како да сака да ја уништи. Иако за повеќето кучиња миленици ова е игра, однесувањето е последица на нивните инстинкти. Односно, тие си замислуваат дека играчката е плен, па сакаат да ја „уништат“.
Трчање наоколу после бањање
Повеќето кучиња сакаат да трчаат наоколу откако ќе ги избањате или откако ќе се намократ. Бањањето може да биде стресно за кучињата, па кога ќе се „ослободат“, сакаат да трчаат.
Неретко, трчањето им помага и побрзо да се исушат, но и побрзо да си го вратат природниот мирис во случај да не им се допаѓа шампонот.
Кружење во креветчето пред спиење
Едно од најслатките нешта што ги прават кучињата е кружењето во нивното креветче додека да си ја најдат совршената положба за спиење. Покрај тоа, ова е уште едно потсвесно однесување што го наследиле од предците – на овој начин ја разгледуваат околината со цел да се уверат дека се на безбедно место за спиење.
Седење/стоење до вас или помеѓу вашите нозе
Вашето куче се чувствува најбезбедно покрај вас, па најмногу поради тоа сака да си легнува или да стои што е можно поблиску до вас. Неретко, ако разговарате со личност која кучето не ја познава, тоа може да се обидува да ја заштити својата територија, односно вам. Во некои случаи, со ова однесување кучето бара внимание од вас.
Движење на телото во сон
Кај кучињата, РЕМ фазата од спиењето започнува релативно брзо. Експертите сметаат дека кучињата сонуваат во текот на оваа фаза од спиењето, а тоа може да биде причина за движење на телото, слично како што прават и луѓето. Препорачливо е да не го будите кучето додека сонува.
Брзо мавтање со опашката
Мавтањето со опашката може да значи неколку нешта, од кои најчестата причина е радост. Кучињата се многу лојални животни, па со брзото мавтање на опашката ви покажуваат дека се радосни што ве гледаат. Во некои ситуации, со ова движење на опашката кучето ви кажува дека сака да си игра.
Движење на ногата кога го чешкате на стомакот
Ова слатко однесување е всушност причинето од рефлекс. Кога го чешкате стомакот на кучето, вие стимулирате нервни завршетоци кои испраќаат сигнал до неговиот мозок за несвесното движење на ногата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден