во , ,

Скриена на видно место: Нов вид „мала црна тарантула“ е откриена во Мајами

Научниците пронајдоа нов вид пајак во Мајами кој изгледа како „мала црна тарантула“ и има отров што предизвикува болни убоди.

Трапдор пајакот Pine Rockland (Ummidia richmond) за прв пат го пронајде чувар на зоолошка градина во Мајами, САД.

Мажјакот е приближно со големина на монета, а женката е два до три пати поголема. Пајаците имаат долг животен век и може да живеат до 20 години.

„Мене ми изгледаше на мала црна тарантула“, рече директорот на зоолошката градина во Мајами, Френк Ридгли.

„Тие се “предатори во заседа“, плетат мрежно дупче со „врата“ позади која се кријат од предатори“

„Тие го поминуваат целиот свој живот во истата дупка, чекајќи плен да им помине покрај стапицата, а потоа се извлекуваат од камуфлираното дувло за да го грабнат“.

Фотографија од пајакот беше испратена во одделот за истражување на зоолошката градина, но не одговараше на постојните записи за познати видови инсекти во регионот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поминува короната, доаѓаат дома гости после долго време. Жената ги прашува што ќе се напијат…

16 Неверојатни трансформации на стари работи во домот