во , ,

Австралија го забележала најстариот државјанин: 111-годишниот Декстер Кругер вели дека тајната на неговата долговечност е – пилешки мозок

Најстариот човек во Австралија, 111-годишниот Декстер Кругер, како една од тајните на својата долговечност го навел воведувањето на пилешкиот мозок во исхраната.

Кругер, инаку пензиониран сточар, денеска одбележал точно 124 дена откако наполнил 111 години, ден повеќе од што имал Џек Локет, ветеран од Првата Светска војна, кој починал во 2002-ра година.

Кругер во интервјуто кое го дал за австралиската радиодифузна корпорација пред да наполни 100 години, рекол дека консумирањето на пилешкиот специјалитет еднаш неделно придонело за долговечноста.

74-годишниот син на Декстер, Грег, вели дека тајната на долгиот живот кој го доживеал неговиот татко е едноставното живеење. Менаџерката на домот за старци каде Кругер престојува, Меланија Калверт, за него вели дека е еден од најостроумите луѓе во домот.

“Неговото паметење е неверојатно за еден 111-годишник” рекла Калверт.

Џон Тејлор, кој е основач на Австралиската книга на рекорди, потврдил дека Кругер станал најстариот Австралиец во историјата, додека најстарата регистрирана Австралијка била Кристина Кук, која починала на 114 години и 148 дена.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Италија има што да понуди: Местото на кое наводно е убиен Цезар станува туристичка атракција

17 Навредливи балони за роденден кои луѓето ги обожаваат