во , ,

Се скарал со родителите па почнал да копа дупка: По шест години добил вистинска подземна оаза – планира да направи и џакузи

Тинејџерот од Шпанија бил толку лут по расправијата со родителите, па одлучил својот бес да го насочи кон копање на дупка во градината. По шест години добил сопствена подземна оаза.

Андрес Канто имал 14 години кога се скарал со родителитеs бидејќи не сакал да се пресоблече пред излегување со пријателите. Наместо да негодува во соба, земал копач и излегол во градината.

Откако почнал да ја копа дупката, се враќал секое попладне во наредните три години и продолжувал да кoпа.

По шест години, Канто успеал да направи вистинска пештера, со дневна соба и бања. Внатре има скали, рерна и кревет.

Канто, кој сега има 20 години, всушност и не разбира што го натерало да почне да копа во 2015-та година, но задоволен е од резултатот.

Дупката со време почнала да расте, додека Канто продолжувал со раце да ја расфрла земјата. Меѓутоа, по некое време неговиот пријател Андру донел пневматска дупчалка, која го забрзала процесот – и на крајот направиле пештера длабока три метри, откако неделно копале околу 14 часа.

Сега Канто планира да ја прошири локацијата, која веќе има систем за греење, интернет и музички систем.

Според неговите зборови, температурата во пештерата е меѓу 20 и 21 степен меѓу мај и септември.

Вели дека овој проект не чинел повеќе од 50 евра, а материјалот бил поевтин од тоа што го очекувал.

Во пештерата сега минува до пет часа дневно релаксирајќи се, благодарение на интернетот кој сам го инсталирал.

Откако ја објавил снимката од пештерата, станал вирален и го привлекол вниманието на локалните власти.

Канто вели дека овој проект се уште не е готов, и дека планира да направи и џакузи.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Инспиративен Индиец со свои раце засади цела шума на пуст остров

45 Луди фотографии од мачки со кои смеењето загарантирано