во , ,

Последната алиментација ја платил со истоварување на 80 илјади монети на тревникот кај својата поранешна жена

Татко на тинејџерка од Вирџинија, последната рата од алиментацијата ја платил истоварајќи 80.000 монети на тревникот на неговата отуѓена ќерка.

Мајката и нејзината ќерка ги собрале монетите и одлучиле тие 800 долари да ги донираат, пренесува „Fox News“.

Евери Санфорд (18) со таткото не разговарала неколку години, а вели дека не е заинтересирана за тоа, бидејќи не сака да има работа со некој кој така се однесува кон нејзината мајка.

Кога ги истоварал монетите, мајката на тинејџерката го прашала што прави, а тој рекол дека ја исплаќа последната рата од алиментацијата.

„Не се обидува да ја посрамоти само мајка ми, туку и мене и сестра ми. Ме боли што не размислил пред да го направи ова“, рекла Евери.

Таткото рекол дека го понеле емоциите и дека веќе му е жал за таа одлука.

Мајката и ќерката одлучиле негативното искуство да го претворат во позитивно, така што парите кои ги добиле ги донирале, за што добиле бројни пофалби на социјалните мрежи.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Изреки што ќе ви го подобрат менталното здравје

Домаќинка во намирница за вечера пронашла големо богатство: „Видов дека нешто падна, а од ова може да си изградиме куќа од соништата“