Чарлс Дикенс бил најзначајниот англиски романописец на XIX вeк. Неговите дела припаѓаат на раната фаза на реализмот, а Дикенс и денес се смета за основач на социјалниот роман.
Освен книжевната работа помалку е познато дека Дикенс се занимавал и со хуманитарна работа и им помагал на сиромашните.
На 9 јуни 1865 гoдина на враќање oд Париз возот во кој Дикенс патувал имал сообраќајна несреќа.
Првите седум вагони се откинале поради тоа што шините не биле исправни. Единствено останал само еден вагон во првиот ред во кој бил и Дикенс. Пред да пристигнат спасувачите, Дикенс им помагал на жртвите.
Иако не се здобил со никакви повреди, Дикенс не закрепнал од траумите од таа несреќа.
Во тоа време го напишал романот „Нашиот заеднички пријател“, а критичарите сметаат дека токму по несреќата, во него внел и некои свои размислувања за животот и соочувањето со смртта.
„Имај срце кое никогаш нема да стане тврдо, темперамент кој никогаш нема да се измори и допир кој никого нема да повреди“, напишал Дикенс во неговото дело.
Инаку, Дикенс починал на 8 јуни 1870 година кога во својот дом доживеал уште еден мозочен удар.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден