во ,

Совршен трик за чистење на тоалетот: Неопходна ви е само една состојка!

На една Фејсбук група, мајка по име Лаурен открила дека за чистење користела само еден ефтин производ – лимонска киселина.

Мајка од Австралија споделила како го исчистила својот тоалет од тврдокорните дамки со помош на еден производ кој инаку се користи во кујната.

„Мразам да го чистам тоалетот. Два сада (околу 25 грама) лимонска киселина оставена во тоалет девет часа ќе ја реши целата работа. Најтешкиот дел од процесот е да внимавате никој да не го користи тоалетот во текот на тие девет часа“, напишала Лаурен во својата објава и покрај неа споделила фотографија со одлична трансформација.

Други родители во групата останале воодушевени од оваа идеја, а некои споделиле начини на кои и сами ја користат лимонската киселина.

„Лимонската киселина ја користам на дневна база за чистење на тоалетот, но одлична е бидејќи нема хемикалии, па и деца можат да чистат со неа“, „Лимонската киселина е најдобра! Одлична е за тоалети“, се согласиле две мајки.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Видео кое ќе ве насмее и разнежни: Сопствениците се преправале дека хаската е невидлива, реакцијата на кучето е урнебесна

Легендарна изјава на Ал Пачино: Кога некој ќе ве предаде, вака треба да му одговорите!