„Кралот на хот-дозите“, Џои Честнат, вчера го надмина сопствениот рекорд така што изеде 76 сендвичи со виршла, на овогодинешниот натпревар во јадење хот-дози.
Ова е негова 14-та победа во натпреварувањето. 37-годишниот Џои од Калифорнија ја надмина својата минатогодишна победа јадејќи еден хот-дог повеќе. Организаторите велат дека со неговиот „дигестивен потфат“, кога САД ја слави својата независност од британската власт, Честнат го срушил светскиот рекорд.
JOEY CHESTNUT WITH A NEW WORLD RECORD 76 HOTDOGS IN 10 MINUTES 😳
14 titles 🐐 pic.twitter.com/3iia7YIHdr
— SportsCenter (@SportsCenter) July 4, 2021
Во женска конкуренција победи 37-годишната Мишел Леско од Аризона која изела нешто помалку од 31 хот-дог. Сепак, таа беше далеку под женскиот светски рекорд кој минатата година го постави Мики Судо, со изедени 48 и пол хот-дози за 10 минути.
Минатата година натпреварувањето се одржуваше без гледачи поради пандемијата на коронавирус.
Инаку ваквиот натпревар постои од 1972 година и се одржува секоја година, за да се одбележи Денот на независноста на САД.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден