во , ,

Ентони Бордејн „Вашето тело не е храм, туку забавен парк. Уживајте во возењето“

Ентони Бордејн имаше талент да раскажува приказни за секакви луѓе и места. Тој умееше да комуницира и со бизнисмени на луксузни вечери и со самовработени готвачи на улиците во сиромашни квартови. Напиша над 10 книги и патуваше насекаде низ светот додека гледавме како ужива во секоја посебна култура преку храната. Бордејн си го одзеде животот во 2018 г. Следуваат некои негови цитати преку кои тој живее и денес.

– Вашето тело не е храм, туку забавен парк. Уживајте во возењето.

– Секогаш ја задржувам идејата дека не сум во право или дека ќе треба да го сменам мислењето. Поголемиот дел од времето тоа прави да се чувствувам добро, понекогаш навистина боли и е срамно.

– Доколку сум застапник за нешто, тоа е за движењето. Колку подалеку и колку повеќе можете. Преку океанот или едноставно преку реката. Влезете во нечии чевли или барем јадете ја нивната храна. За сите е плус.

– Патувањето е за она прекрасно чувство на тетеравење во непознатото.

– Вештините може да се научат. Карактерот или го имате или го немате.

– Не треба да се согласувам со тебе за да ми се допаѓаш или да те почитувам.

– Како што се движите низ животот и овој свет, малку ги менувате работите, оставате траги зад себе, колку и да се мали. За возврат, животот и патувањето оставаат траги врз вас. Поголемиот дел од времето, овие траги, на телото или срцето, се прекрасни. Но често болат.

– Не се плашам да изгледам како идиот.

– Без експериментирање, подготвеност да поставуваме прашања и да пробуваме нови работи, сигурно ќе станеме статични, повторувачки и застрашувачки.

– Можеби тоа е доволно просветлување: да знаете дека нема конечно место за почивање на умот, ниту момент на целосна јасност. Можеби мудроста… е да се сфати колку сум мал и немудар и уште колку имам да одам.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поради масивните мускули го нарекуваат корејскиот Хулк

Капсулата за патување во вселената на Маск има дизајн што гарантира спектакуларен поглед