Во филмот „Друштвото на мртвите поети“ од 1989 година, Џон Китинг, кој го глумеше Робин Вилијамс, изговори позната и доста важна реченица: – Што и да ви каже некој, зборовите и идеите можат да го променат светот.
Без оглед на тоа што знаеме дека не сме на исто ниво со нашите омилени познати личности, невозможно е да не размислуваме за некои од нивните познати цитати што со години се пренесуваат и прераскажуваат со иста цел – да докажат дека светот на славните не е толку различен од нашиот и дека во него владеат уште построги правила и дека на крајот на денот, таму не се простуваат многу работи, не само успехот.
И знаејќи за сето тоа, ако многумина од нив успеаја да бидат таму каде што се денес, без поддршка, со многу пречки, напори и жртви, сосема е легитимно да бараме инспирација и мотивација во деновите кога едноставно не ни оди. Бидејќи и сами знаеме дека има многу „милионери од калта“, само го забораваме тоа затоа што сме заслепени од луксузот што се промовира повеќе од вистинските вредности.
Во продолжение ви ги пренесуваме омилените цитати од познатите личности кои навистина можат да ве инспирираат.
– Животот е доста интересен… На крајот, вашата најголема болка станува ваша најголема сила – Дру Баримор
– Ако живеете во свет каде што сѐ е или црно или бело – ќе страдате многу. Порано бев таков, но повеќе не верувам во таа филозофија. Сепак, има многу сиво – Бредли Купер
– Не верувам во среќен крај, но верувам во среќен пат. Затоа што на крајот на краиштата или умираш многу рано или живееш доволно долго за да гледаш како умираат твоите пријатели. Животот е злобен – Џорџ Клун
– Бидете љубезни со луѓето на патот до врвот бидејќи можеби ќе ги сретнете на патот до дното – Џими Дуранте
– Никогаш не е доцна да почнете одново или да бидете среќни – Џејн Фонда
– Сѐ што можете да направите на крајот е да погледнете наназад и да бидете горди на изборот што сте го направиле – Мет Дејмон
– Почитувај го својот труд, почитувај се себеси. Самодовербата води кон самодисциплина, а кога ги имате тие двете, имате моќ – Клинт Иствуд
– Верувам дека самите си го разубавуваме денот. Самите си го креираме животот. Многу работи се само прашање на перцепција и тоа е филозофијата до која се држам. До мене и тоа морам да го прифатам – Бред Пит
– Што и да правите, важно е јасно да го гледате тоа и да го почувствувате – не грижете се за резултатите или како некој друг ќе гледа на тоа – вие сте важни – Омар Епс
– Ако се молите за дожд, мора да знаете и како да се справите со калта – затоа што таа е составен дел од дождот. Сепак, повеќе би се плашел да не ги искористам сите можности и способности што ми се дадени; повеќе би се плашел од одолговлекувањето и мрзеливоста – Дензел Вашингтон
– Пребродете го мислењето дека треба да бидете просечни – тоа ве спречува да бидете извонредни – Ута Хаген
– Верувам дека кај сите постои внатрешна моќ што нѐ дели на победници и губитници. Победници се и оние што го слушаат своето срце – Силвестер Сталоне
– Многу луѓе се откажуваат непосредно пред да успеат – никогаш не знаете кога следната пречка всушност ќе биде последна – Чак Норис
– Кога бев млад се молев за успех. Сега се молам да го заслужам – Брендан Фрејзер
– Мртви сте во оној момент кога ќе престанете да учите – Џек Николсон
– Нема каење во животот – само лекции – Џенифер Анистон
– Животот е тежок, но потежок е кога сме глупави – Џон Вејн
– Животот е она што се случува додека сме зафатени со правење планови – Џон Ленон
– Немам совршени заби и не сум толку слаба. Но, сакам да бидам личност која се чувствува добро во сопствена кожа, која може да каже дека е среќна и која не би променила ништо на себе – Ема Вотсон
– Сомнежот е убиец. Треба да знаете кој сте и за што се залагате – Џенифер Лопез
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден