во , ,

Тито запалил пура во Белата куќа, а Никсон му рекол: „Тука пушењето е забрането“, одговорот на маршалот го замолчил

Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито бил гостин во САД во 1971 година и таму бил дочекан како што му доликува на некој странски државен функционер.

Броз грижливо и внимателно ги градел односите и со Истокот и со Западот, развивајќи во исто време домашна индустрија, штитејќи ги работничките права и суеверитетот на државата.

Колку тој бил почитуван во светот, сведочат многу снимки од неговите посети во земјите ширум планетата.

Сепак, една од анегдотите говори многу за тоа почитување, а истата настанала во Белата куќа за време на посетата на Тито во 1971 година.

Имено, во Белата куќа строго било забрането да се пуши и никој не го правел тоа внатре.

Знаејќи го сето тоа, Тито среде состанокот со Никсон пред новинарите и фоторепортерите, извадил пура и ја запалил, и тоа не било каква туку кубанска која лично му ја подарил Фидел.

„Господине претседателе, ние тука во Белата куќа не пушиме“, му рекол изненаден Никсон.

Тито само го погледнал, продолжил да вовлекува од пурата, па ладно му договорил: „Блазе си ви“.

Никсон до крајот на состанокот не ја споменал таа забрана.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку чини тоа црното BMW на плацот надвор?

Здраво! Маса слободна?