Дали можеби се плашите од заболекари и сите обврски ги одложувате до последен момент? Дали родителите некогаш ве прекорувале за ова? Ако во истото ги препознавате и родителите, постои можност тие да се заслужни за вашиот страв.
Од родителите наследуваме многу нешта – боја на очи, боја на коса, изглед, па дури и некои болести. Но знаевте ли дека неретко наследуваме и многу карактеристики, како оптимизам или толеранција на болка?
Погледнете кои карактеристики (можеби) сте ги наследиле од вашите родители:
Желба за горчлив вкус
Додека некои не можат да го замислат кафето без шеќер, постојат и луѓе кои уживаат во неговиот горчлив вкус. А наводно, оваа особина може да биде наследна.
Според истражувањата, станува збор за гени кои имаат влијание врз рецепторите за вкус на јазикот, што значи влијаат и врз тоа дали вие ќе сакате или ќе мразите горчлив вкус.
Одложување на обврските
Ако родителите честопати ве карале бидејќи сте гледале цртан филм наместо да ја пишувате домашната, постои мала можност тие, односно нивните гени да се виновни за ова ваше однесување.
Истражувањата покажале дека некогаш мрзливоста, односно честото одложување на обврските е карактеристика што ја наследуваме од родителите.
Толеранција на болка
Според истражување од 2014 година, толеранцијата на болка можеби е наследна.
Истражувачите идентификувале четири гени поврзани со толеранцијата на болка. По експериментот во кој учествувале 2.720 испитаници, тие дошле до заклучок дека присутноста на овие гени кај вас одредува дали ќе имате поголема или помала толеранција на болка.
Несоница
И несоницата може да биде проблем што се наследува од родителите. Во истражување од 2017-та година во кое учествувале околу 113.000 испитаници, научниците идентификувале неколку гени кои се поврзани со несоницата и кои можеме да ги наследиме од родителите.
Страв од стоматолог
Ако во детството сте се плашеле од заболекари, веројатно и сега го имате истиот страв, без разлика што глумите храброст. Важно е да знаете дека не сте единствените, но и дека овој став најверојатно ви е наследен од родителите.
Истражување објавено во 2012 година покажало дека децата кои се плашат од заболекари обично имаат барем еден родител со истиот страв. Истражувањето покажало и дека поверојатно е овој страв да се наследи од таткото.
Во овој случај виновникот не е генетиката, туку тоа што детето сведочело на стравот на родителот. Според авторите на истражувањето, децата обрнуваат повеќе внимание на емотивните реакции на таткото кога станува збор за стресни ситуации – како одењето на заболекар – па поверојатно е стравот да го наследат од него.
Ова значи дека вие можете да ја спречите појавата на страв од заболекари кај вашето дете – едноставно, не покажувајте пред него дека и вие се плашите.
Музички талент
Ако имате родител со дарба за музика, голема е веројатноста да сте го наследиле талентот и вие. Некои истражувања потврдиле дека дарбата за музика како добар слух и добар глас, можат да бидат наследни особини.
Истражувањата покажале дека и нашиот вкус за музика може да биде наследен од родителите.
Ран пубертет
Научниците идентификувале мутација на ген која може да биде причина за ран пубертет. Во истражувањето тие ги проучувале членовите на 15 семејства, а мутацијата била забележана кај 5. Научниците забележале дека кај овие 5 семејства, сите членови (и машки и женски) ја наследиле мутацијата, и тоа од нивните татковци.
Оптимизам и самодоверба
Изгледа и вашиот став кон животот го наследувате од родителите. Наводно, оптимизмот и самодовербата се наследни карактеристики, иако за научниците не е целосно познато кои гени се одговорни за ова.
Во истражување од 2011 година е најдена поврзаност помеѓу оваа наследна карактеристика и гените за рецепторите за окситоцин. Овие рецептори имаат влијание врз социјалното однесување на луѓето и истражувањата покажале дека можеби влијаат и врз нештата како оптимизам и самодоверба.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден