во ,

Преслатко: Бебе слонче ужива во првото бањање по спасувањето од заробеништво во Тајланд

Се проценува дека во дивината во Азија живеат меѓу 20.000 и 40.000 слонови. Околу 3.800 од нив се заробени во Тајланд, пред сè за потребите на туристичката индустрија.

Едно од слончињата родени во заробеништво е Чаба. Неговата мајка, БунМа, секој ден била принудувана да настапува и за изведува циркуски точки за да ги забавува туристите. Несреќната слоница живеела постојано врзана со синџир и не добивала никаква грижа.

За среќа, семејството било спасено од тимот на фондацијата „Save Elephant“.

Моментот кога 4-месечната Чаба за првпат доби можност да се бања по ослободувањето бил снимен, а фотографиите и видеото растопуваат срца.

„Ги најдовме мајката и бебето во мала бетонска штала, лишени од секакви задоволства. Мајката беше врзана со краток синџир. Веднаш ни стана јасно дека двете се во лошо здравје и дека им треба итна интервенција“.

„Чаба е водно бебе. Обожава да се шлапка во водата и потоа да трча назад кај мајка си за утеха“ – рекле од организацијата.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Босанец изградил ротирачка куќа: “Жената не можеше да се одлучи за погледот, сега нека одбере”

20 Примери на најкреативна и единствена пикселирана уметност