Во продолжение погледнете во кои ситуации најчесто реагираме погрешно, и што всушност треба да правите во тие моменти.
Не дувајте во храната на детето
Ако храната што му ја давате на вашето дете е жешка, веројатно имате навика да дувате во неа. Но, на овој начин само ги разнесувате вашите бактерии од устата.
Овие бактерии, пак, можат да бидат причина за кариес кај детето, дури и ако забите не му се целосно пораснати. Причината е што во овој период на развој, детските заби се најранливи.
Па наместо да ја дувате храната, подобро оставете ја сама да се излади.
Не ја навалувајте главата кон назад кога ви тече крв од носот
Можеби мислите дека на овој начин ќе го сопрете крвавењето. Но, целата крв од носот може да заврши во вашето грло и да ве задуши.
Кога ви тече крв од носот, затнете го носот со вашите прсти. Држете ја главата исправена сè додека не запре крвавењето.
Не ја кревајте личноста која изгубила свест
Луѓето најчесто губат свест кога им се намалува крвниот притисок. Поради ова, до мозокот стигнува помалку крв.
Ако ја кренете личноста која изгубила свест, дополнително ќе го намалите дотокот на крв до мозокот.
Во овој случај, важно е да ја поставите главата на личноста пониско од нејзините гради. Откако личноста ќе се разбуди, осигурете се дека се чувствува добро и дека нема некој друг проблем. Секако, во меѓувреме може да побарате и итна помош.
Немојте да го шмукате отровот ако ве касне змија
Иако е мала веројатноста да ве касне отровна змија, ако сепак доколку дојде до тоа, немојте никако да го шмукате отровот од каснатото место. Едноставно, од тоа нема никаква корист.
Денес постојат ефективни противотрови, па каснувањето од змија е фатално во само 0,05% од случаите.
Aко се најдете во ваква ситуација, важно е да мирувате за да го спречите ширењето на отровот. Се разбира, веднаш повикајте и брза помош.
Немојте да ги миете забите веднаш после јадење
Ако ги миете забите веднаш после оброк, само си правите штета. На овој начин го оштетувајте емајлот (глеѓ) – заштитниот слој на забите.
Забите треба да ги миете наутро, пред појадок и навечер пред спиење. Доколку сепак сакате да ги измиете после јадење, почекајте барем 40 минути.
Немојте да ја удирате по грб личноста која се задавила од храна
Ако некој се задави од храна и седи во исправена положба, немојте никако да го удирате по грб. Со тоа само го зголемувате ризикот залакот да се спушти подолу.
Наместо тоа, помогнете ѝ на личноста да се навали кон напред и кажете ѝ да кашла. Најчесто ова е доволно.
Доколку кашлањето не помага, удрете ја личноста помеѓу плешките, но само додека е навалена кон напред.
Не ставајте мраз директно на модринки
Кожата е деликатна, па ако ставите мраз директно врз модринката, само ќе го забавите дотокот на крв, а со тоа и закрепнувањето.
Наместо тоа, завиткајте го мразот во крпа и така ставете го на повреденото место. Само немојте да го држите подолго од 10 минути.
Не нанесувајте путер или мраз на изгореница
Можеби сте слушнале за овие народни лекови за изгореници, но факт е дека не функционираат.
Изгореницата продира длабоко во кожата, па треба да ја изладите, но не со мраз.
Најдобро е да го ставите изгореното место под млаз студена вода.
Немојте да ги триете смрзнатините
Никако немојте да ги триете или да нанесувате директна топлина врз смрзнатините, бидејќи со ова можете да си направите и изгореници.
Наместо тоа, тргнете се од студот и стоплете ги отштетните делови од телото со топла (не врела) вода. Истовремено, пијте и топли пијалаци.
Доколку смрзнатината е посериозна, веднаш побарајте медицинска помош.
Не користете го истото пластично шише два пати
Пластиката содржи опасна хемикалија наречена BPA која може да се ослободи во течноста во шишето.
Наместо пластично, купете си стаклено шише за вода.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден