Кога имаат слобода да ја покажат својата креативност, луѓето можат да создадат навистина неверојатни работи.
Паси Видгрен е архитект и дизајнер од Финска кој пред шест години започнал интересна традиција. Тој живее во Лахти и секоја зима „црта“ огромни слики на замрзнато езеро во близина на неговиот град.
Кога врз езерото се создава снежна покривка, користејќи ги само неговите нозе и лопата, тој прави големи ремек-дела на површината на замрзнатото езеро.
Годинава, талентираниот артист нацртал лисица која изгледа навистина реалистично, особено кога ќе земете предвид дека е „нацртана“ во снег. Лисицата е „висока“ дури осум метри, а на Паси му биле потребни околу четири часа да ја нацрта.
Иако изгледа одлично, факт е дека артистот сепак ризикува кога ги изработува овие дела.
Најпрво тој проверува дали мразот е доволно дебел за да го издржи, а со себе носи и специјални јажиња кои би му помогнале да излезе од водата доколку мразот се скрши.
Годишната традиција на Паси станала препознатлива и за локалните жители кои задолжително го прашувале што ќе нацрта на езерото штом ќе настапи зимата. А, токму ова му дава дополнителен поттик да ја продолжи традицијата.
„Сакам луѓето да бидат среќни и да ги охрабрам да излезат во прекрасната природа“, вели артистот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден