во , ,

9 трикови што ќе ви помогнат да направите разлика помеѓу лажни и вистински скапоцени камења

За лесно да препознавате лажни од вистински скапоцени камења и метали треба да сте експерт во таа област. Но сепак, постојат некои трикови кои можат да ви помогнат да направите разлика.

Дел од нив во продолжение:

Рубинот треба да има црвена боја како семафор

Рубинот има интензивна црвена боја која наликува како црвеното светло на семафор.

Ако каменот има побледа црвена боја, најверојатно е лажен.

Скапоцените камења имаат несовршености

Ако се загледате внимателно, ќе забележите дека сите скапоцени камења имаат мали несовршености, како гребаници или испакнатини.

Бидејќи сепак станува збор за природни камења, а не нешто направено во лабораторија, нормално е да има и мали несовршености.

Некои скапоцени метали можат да се идентификуваат според звукот

Кога ќе ги удрите со нешто, скапоцените метали, како златото, имаат поразличен звук од „обичните“ метали како железо.

Во видеото подолу може да слушнете каков звук се создава кога ќе удрите злато.

Некои скапоцени камења ја менуваат бојата во зависност од светлото

Постојат скапоцени камења што ја менуваат бојата во зависност од светлото под коешто ги гледате.

Оваа промена настанува бидејќи овие камења апсорбираат разни бои од светлинскиот спектар од разни видови светло.

Добар пример за ова е александритот кој во зависност од светлото може да има зелена, сина, црвена, сива и розова нијанса.

Речиси невозможно е да изгребете вистински дијамант

Дијамантот е најтврдиот минерал што е откриен досега. Поради ова, не може да се изгребе со ништо друго, освен со друг дијамант.

Дијамантите создаваат уникатен оптички ефект

Дијамантите ги распрснуваат светлосните знаци во сите бои од спектарот. Со ова создаваат навистина уникатен оптички ефект кој наликува на виножито.

Во сафирот не треба да има меурчиња

Лажните сафири генерално се прават од стакло. Во процесот на изработка, во стаклото се задржуваат мали меури воздух, па ова е знак дека гледате во лажен сафир.

Вистинските сафири ги немаат овие меурчиња.

Скапоцените камења се студени

За разлика од стаклото кое често се користи за правење лажни скапоцени камења, вистинските скапоцени камења се постудени.

Причината е тоа што имаат поголема топлинска спроводливост за разлика од стаклото.

Кога ќе го допрете до устата, скапоцениот камен ќе биде постуден од лажен камен направен од стакло.

Кај бисерите, фокусирајте се на дупчињата

Кај вистинските бисери, дупчињата направени со дупчалка обично се помали, додека кај лажните се поголеми.

Исто така, кај вистинските бисери околу дупчето не би требало да има несовршености и површината треба да биде мазна. Кај лажните бисери, во оваа област можете да забележите мали парчиња, па дури и лупење на горниот слој.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Фотографии докажуваат дека речиси секое парче мебел заслужува втора шанса

12 Илустрации покажуваат што прават суперхероите во секојдневниот живот