во ,

Во Турција се отвори најдолгиот висечки мост на светот – од Европа до Азија за само 6 минути

Во Турција денеска официјално ќе биде отворен мостот „Чанаккале 1915“ над Дарданелското море кој е долг 4,5 километри и ги спојува Европа и Азија.

Тоа е еден од најдолгите такви мостови во светот и најдолг мост меѓу Европа и Азија, а истиот е познат како „ѓердан на теснината Чанаккале“.

Мостот свечено ќе го отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 107-годишнината од поморската битка во Чанакале. Како што е наведено, мостот ќе стане најдолгиот висечки мост со среден распон на светот.

Мостот ќе го скрати времето за патување меѓу Азија и Европа на само шест минути, пренесува „Дејли сабах“.

Се наведува дека патувањето со траект меѓу европската и анадолиската страна на Дарданелите трае околу 30 минути и дека превозот со траект понекогаш се откажува поради невремињата. Притоа, во текот на сезоната на годишните одмори со часови се чека во редот за сместување во траектите.

Мостот „Чанаккале 1915“ ќе биде најдолгиот висечки мост на светот со вкупна должина од 4.608 метри, со распон меѓу носечките столбови од 2.023 метри, што е должина која ја симболизира 2023 година во која се одбележуваат 100 години од основањето на Република Турција на „таткото на нацијата“, Кемал Ататурк.

Столбовите, обликувани како артилериски гранати во чест на Глиполејската битка, високи се 318 метри и обоени во црвено-бела боја, односно во боите на турското знаме.

https://twitter.com/FactsofTR/status/1262006045364359170?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1262006045364359170%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F405194%2Ffoto-video-vo-turcija-deneska-se-otvora-najdolgiot-visecki-most-na-svetot-od-evropa-do-azija-za-samo-6-minuti

Инаку, изградбата на мостот започнала во март 2018 година и проектот чинел неверојатни 3,1 милијарди евра, 100 милиони евра повеќе од планираното поради влијанието на пандемијата и растот на цените на материјалите.

Се проценува дека завршувањето на овој проект ќе го намали траектниот сообраќај, особено во текот на летните месеци и државните празници и ќе стане алтернативна рута за превоз од Интанбул и Тракија до регионот Мармара и Егејското море.

Покрај намалувањето на времето за патување, проектот ќе обезбеди интеграција на пристаништето во регионот на Мраморното и Егејското море во светот на транспортните системи.

Овој мегапроект кој го реализирале јужнокорејска и турска компанија ќе биде четвртиот мост во Турција и петта сообраќајница која ги поврзува Азија и Европа.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Лудата куќа“ во која сѐ е наопаку е хит туристичка атракција – сите одат по таван и прават откачени фотки

Ли, те нервира ли кога велат дека сите Кинези си личат еден на друг?