во , ,

Погледнете ја илустрацијата наопаку, а потоа трепнете: Нова оптичка илузија која е хит на социјалните мрежи

Оваа илустрација која за првпат била објавена во 1858 година, е наречена „Шредеровите скали“, а по неполни два века сè уште предизвикува конфузија кај луѓето.

Илустрацијата која неодамна беше објавена на „Редит“, а потоа стана популарна на сите социјални платформи, е дело на научникот Хајнрих Г.Ф. Шредер, а она поради кое сите ги „чешаат главите“ е како е можно скалите да изгледаат потполно поинаку ако се гледаат наопаку.

Купи Маица ❤

Доколку не сфаќате во што е штосот, погледнете ја илустрацијата наопаку, а потоа трепнете неколку пати.

Кога ќе ја погледнете наопаку, скалите изгледаат токму така – наопаку. Меѓутоа кога ќе трепнете додека сè уште ги гледате, скалите „магично“ се враќаат на својата првобитна положба.

Станува збор за класичен пример на обратна перспектива која всушност ги збунува нашите очи и прави да ги гледаме нештата онака како што мозокот нѝ вели дека треба.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

600

21 Работи што ќе ве изненадат со нивната големина

13 Фотографии кои ќе ве вратат години наназад во вашето детство