во ,

11 Доктори ги споделуваат најсмешните изјави од своите пациенти

Во продолжение издвоивме најуникатни „бисери“ на пациентите кои медицински лица ги споделуваат, а со сигурност ќе ве насмеат:

„Во страшна дилема сум. Јас сум чесна жена и се срамам да ве прашам ова, но морам. Закачив сексуално пренослива инфекција од дечко ми, па се прашувам дали можам да му ја пренесам на мојот сопруг?“

„Ги имам тие триглицериди и сите три се покачени. Што да правам сега, ако имаше барем еден, лесно ќе се справев со него“.

„Овде една баба која се јавува за брат ѝ. Јас сум негов главен доктор, знам точно кому и кога треба да се јавам. А, сега да прашам. Брат ми го боли цел стомак, па се плашам да не е нешто гинеколошко или уролошко?“

„Имав мало, тврдо топче внатре во мојата уста и мислам дека можеби тоа беше мојот јајник“.

„Докторе, мојот стомак го испушта она чудно шумолење секогаш кога не сум јадена. Тоа почнува да влијае на мојата работа“.

„Здраво докторе. Го резервирав овој термин пред две недели, но проблемот исчезна сега. Не сакав да го трошам терминот, па мислев дека е најдобро да дојдам”.

„Не ми ја проверувајте температурата со тој ректален термометар! Јас не сум геј!“

„Мислам дека имам анемија. Рацете ме болат кога врне“.

„Можете ли да решите брачен спор? Мојата сопруга мисли дека парацетамолот е подобар, а јас мислам дека е ибупрофен. Кој е во право?“

„Имам проблеми со варењето кога е облачно, а моето дете има исцедок од увото кога има полна месечина“.

„Докторе, не можам да прднам без да направам врева“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

23 Минијатурни животни кои пленат со својот шарм

20 Фотографии кои доловуваат импресивни трансформации