во ,

Бизнисмен влегол во банка во Њујорк и побарал заем од 5.000 долари за двонеделен службен пат на Филипини…

Бизнисмен влегол во банка во Њујорк и побарал заем од 5.000 долари за двонеделен службен пат на Филипини. Банкарскиот службеник го известил дека претходно ќе мора да обезбеди некаква гаранција за заемот. Човекот му ги предал клучевите од своето ново Ферари паркирано на улицата пред банката а банкарот се согласил да го прими автомобилот како хипотека.

Претседателот на банката и службениците му се изнасмеале на типот кој го употребил своето Ферари од 250.000 долари како гаранција за заем од само 5.000 долари.

По завршувањето на процедурата, еден од вработените ја паркирал колата во подземната гаража на банката. Две недели подоцна, бизнисменот се вратил од пат, ги исплатил позајмените 5.000 долари и каматата која изнесувала 15, 41 долар.

”Господине, многу сме задоволни што трансакцијата беше извршена успешно, но едно не’ чуди. Додека бевте на пат, ве проверивме и откривме дека сте мултимилионер. Зошто воопшто се мачевте да позајмите 5.000 долари?”, прашал банкарот.

”А каде на друго место во Њујорк можам да ја паркирам мојата кола на две недели за само 15,41 долари и да бидам сигурен дека нема да ми ја украдат?”

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Фотографии кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ве трогнат денес

Сликар, доктор и програмер дебатираат што е подобро да се има: жена или љубовница….