во , , ,

По цел ден ќе седиш пред куќата и ќе лаеш на сите што ќе се појават или ќе поминат…

Првиот ден, Господ го создал кучето, и му рекол:

По цел ден ќе седиш пред куќата и ќе лаеш на сите што ќе се појават или ќе поминат. За таков живот, еве, ти давам животен век од 20 години.

Кучето рекло:

Тоа е долг период за да се лае цел живот. Доволни ми се 10 години, а еве 10 ти враќам.

И Господ се сложил.

Вториот ден, Господ го создал мајмунот и рекол:

Ќе ги забавуваш луѓето, ќе правиш смешни работи, ќе ги смееш луѓето. За таков живот, еве, ти давам животен век од 20 години.

Мајмунот рекол:

Мајмунки работи дваесет години? Тоа е предолго. Еве, и јас ќе ти вратам 10 години, исто како и кучето.

И Господ се согласил.

Третиот ден, Господ ја создал кравата и рекол:

Ти ќе одиш по цел ден на поле со твојот газда, ќе работиш на жешкото сонце, ќе имаш млеко и ќе ја раниш цела фамилија на твојот газда. За ова, ти давам животен век
од 60 години.

Кравата рекла:

Тоа е претежок живот, па уште и 60 години? Не, еве ти враќам 40, ќе задржам само 20 години.

И Господ повторно се согласил.

Четвртиот ден Господ го создал Човекот, и рекол:

Јади, спиј, играј, и уживај во животот. За тоа, ти давам 20 години.

Но Човекот рекол:

Само 20 години? А може ли моите 20 и да ми ги дадеш плус оние 40 што ги врати кравата, 10 од мајмунот и 10 од кучето? Еве, нека бидат 80?

Добро, рекол Господ. Сам сакаше така.

И ете, затоа, првите 20 години од животот Човекот јаде, спие и ужива во животот. Следните 40 години р’мба за да си ја издржи фамилијата.

Потоа, следните 10 години се глупира за да ги занимава и насмее внуците. А последните 10 години само седи и лае и р’жи на секого…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ако издржиш една рунда ќе добиеш 500.000 долари…

17 Откритија и средби кои засекогаш ќе останат врежани во сеќавањето на авторите на овие фотографии