Се договориле Бог и Свети Петар дека во рајот ќе примаат само необични случаи. Дошол еден ден некој човек и чукнал на вратата на рајот.
– Примаме само необични случаи!
– Добро, слушнете ја мојата приказна… Се сомневав дека жена ми ме изневерува и се вратив 2 часа порано од работа. Трчајќи се качив на 11 спрат и влегов дома. Ја начекав жена ми гола на кревет. Излегов на тераса и начекав гол маж како се држи за гелендерот и виси. Земав чекан и му ги скршив прстите, но падна на меко и преживеа, па јас се разбеснев и го фрлив фрижидерот врз него. И во тој момент добив мозочен удар од среќа и … Еве ме овде.
– Добро, примен си.
После кратко време, некој пак чукнал на вратата.
– Примаме само необични случаи!
– Добро, сослушајте ја мојата приказна. Бидејќи беше топло, јас вежбав на тераса. Во истиот момент се лизнав и паднав. Се фатив за гелендерот на терасата и си реков во себе: Будало, Бог ти го спаси животот. Во тој момент дојде еден манијак, ми ги скрши прстите со чекан и јас паднав пред зградата. Си реков во себе: Бог ти го спаси животот по втор пат!, кога ете фрижидер падна врз мене… и еве ме овде.
– Добро примен си.
Кога, после некое време пак некој чука.
– Примаме само необични случаи!
– Добро, сослушајте ја мојата приказна… После добар секс, седам јас сокриен во фрижидерот…
Господ почнал на глас да се смее, а Свети Петар:
– Добро, добро, може да влезеш!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден