во ,

Колку и се валкани алиштата…

Млад брачен пар се доселил во една зграда. Следното утро, додека појадувале, жената ја видела комшиката како простира алишта, па не се воздржала да не искоментира:

– Колку и се валкани алиштата – рекла.

– Можеби и е потребен друг прашок, а можеби воопшто и не знае како се пере.

Мажот молчејќи ја набљудувал и ништо не коментирал.

Секогаш кога комшивката простирала алишта, паѓале истите коментари.

Месец дена подоцна, жената се зачудила кога видела дека алиштата на комшиката се бели како снег.

– Погледни, конечно научила да пере. Кој ли ја научил – му рекла на мажот.

Мажот и одговорил – Никој, јас ги измив нашите прозорци.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова е божја волја и наша среќа. Ние мораме да се запознаеме и да наздравиме…

Доаѓа си дома касно, зима столче, седнуе до брачан кревет куде што спие жена му…