во ,

Трпе, качувај се во чамецов, да се спасуваме….

Си биле Трпе и Лео и живееле во Струга. Паднале големи дождови, се излил Црн Дрим и почнал да поплавува. Трпе живеел на 3 спрат, а водата стигнала до 2. Доаѓа Лео со чамец пред прозор и му вика на Трпе:

– Трпе, качувај се во чамецов, да се спасуваме.

– Не бе, мене Господ ќе ме спаси.

Се качува водата на 3 спрат, Трпе се качил на 4, а ете го Лео пак доаѓа:

– Ајде бе Трпе, искачај кога ти викам!

– Не, ти реков мене Господ ќе ме спаси.

Водата се качува до последниот спрат, Трпе се дави и оди кај Господ:

– Добро бе Господ, нели требаше да ме спасиш.

Го отвара тефтерот Господ, проверува, па му вика на Трпе:

– Што се буниш бе, двапати го пратив Лео да те спаси.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 Нетипични фотографии што моравме да ги погледнеме двапати за да ги разбереме

Што имаш во вреќата?