во ,

Драго дете, зошто плачеш?

Еден ден, една шивачка седела покрај реката и напрстокот и паднал во водата. Таа заплакала, а господарот кој тогаш поминувал ја прашал:

„Драго дете, зошто плачеш?“

Таа му одговорила дека напрстокот и паднал во реката, а и е потребен затоа што му помага на сопругот да заработи пари и да го издржува семејството.
Господарот ставил рака во водата и извлекол златен напрсток со сафири.

„Дали е ова твојот напрсток?“ – прашал господарот.

Кројачката одговорила: „Не.“

Господарот повторно ја спуштил раката во реката и извлекол златен напрсток со рубини.

„Дали е ова твојот напрсток?“ – пак ја запрашал.

Кројачката повторно одговорила: „Не.“

Господарот повторно ја брцнал раката во водата и извадил кожен напрсток.

„Дали е ова твојот напрсток?“ – прашал.

Кројачката одговорила: „Да!“

На господарот му било драго што жената била искрена па и ги дал сите 3 напрстоци и жената си отишла дома среќна.

Неколку години подоцна, кројачката шетала покрај реката со својот маж. Тој се сопнал, паднал во реката и исчезнал под водата.

Жената почнала да вика и повторно Господарот се појавил – „Зошто бараш помош?“

„Ох, Господаре, маж ми падна во реката!“

Господарот скокнал во реката и го извлекол Џорџ Клуни.

„Дали е ова твојот маж?“ – ја запрашал.

„Да!“ – извикала кројачката.

Господарот многу се налутил: „Лажеш, тоа не е вистина!“

Кројачката му одговорила: „Ох, простете ми. Тоа е недоразбирање. Видете, да речев „не“ за Џорџ Клуни, вие ќе го извлечевте Бред Пит. Потоа кога ќе кажев „не“ и за
него, ќе го извлечевте маж ми. Кога ќе ви кажев „да, тој е“ вие ќе ми ги дадевте сите тројца.“

„Господару, јас не сум најдобра со здравјето и не би можела да се грижам за сите тројца, затоа реков „да“ за Џорџ Клуни.“

Така Господарот и дозволил да го задржи Џорџ.

Кога жените лажат, тоа го прават заради добра и чесна причина и секогаш во интерес на другите.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Може ли ако погоду што си, да ми дадеш 1 овцу?

Сакаш ли да ти покажам нешто јапонско?