Швеѓанката Сесилија Бломдал живее во градот Лонгјербјен на островот Свалбард, кој се наоѓа во близина на Северниот Пол.
На ТикТок таа често споделува видеа од нејзиниот секојдневен живот со своите 2,3 милиони следбеници и им објаснува што го прави Свалбард толку посебен. Сесилија признава дека речиси секој ден добива прашања зошто живее таму.
„Еве зошто. Природа. Ако живеете на место како Свалбард, место кое е блиску до Северниот пол, мора многу да ја цените природата. Во спротивно, ќе ви биде многу тешко. Нам не нѝ е тешко да се качиме на моторни санки и да возиме 90 километри во еден правец за да одиме на ручек. Таков е животот овде“, вели Сесилија во едно од видеата. Швеѓанката вели дека ниските температури не ѝ пречат, а во Свалбард не врне често.
Таа живее во колиба со момчето Кристофер и нивното куче. Сесилија открила дека на Свалбард има многу животни, но мачките не се добредојдени.
„Ова е место каде владеат поларните мечки, каде што локалните жители треба да бидат вооружени кога ќе ја напуштат населбата и каде што никој не смее да се роди. Ова е остров со многу животни, но едно животно во никој случај не е добредојдено. Тоа е мачка“, вели девојката.
Таа додава дека во Свалбард има различни правила – на пример, не смееш да береш или да газиш цвеќе. Бломдал вели дека луѓето таму веруваат дека мачките многу ја уништуваат природата. Исто така, Свалбард има голема популација на птици и мачките би можеле да им наштетат.
Друга интересна работа за Свалбард се поларните денови и поларните ноќи – тоа значи дека во текот на летото е 24 часа ден, а во текот на зимата е ноќ. Сесилија во своите видеа покажува како е да се живее во такви услови. Изгледа ниту темнината во 11 часот наутро не ја спречува во ништо. Таа и нејзиното момче редовно го шетаат кучето, а притоа секогаш носат многу слоеви облека, бидејќи во лето температурата во Свалбард не го надминува 7-от Целзиусов степен, а во зима се спушта до -13 степени.
Снежните бури се исто така чести, но луѓето на Свалбард сосема нормално одат на работа. Сесилија вели дека таа и нејзиното момче патуваат со автомобил, само треба да возат многу побавно.
Кога оди на планинарење, Сесилија никогаш не ја напушта својата колиба без пушка поради поларните мечки кои ги има во изобилство. Но, како што вели таа, никогаш не се сретнала со ниту една мечка.
Лонгјербјен е најсеверниот град на Земјата
Лонгјербјен, градот во кој живее Сесилија, е најсеверниот град на Земјата. Се наоѓа на Шпицберген, најголемиот остров на архипелагот Свалбард. Нема автохтоно население – секој што живее во Лонгјербјен се доселил од некаде. Имаат само една продавница, неколку хотели и две кафулиња.
Сесилија на својот профил открива многу интересни факти за ова место. На пример, за Свалбард не ви треба виза или работна дозвола. Но, постојат и некои навистина чудни правила, а едно од нив е дека не е дозволено да се породите на Свалбард. Ако жената е бремена, еден месец пред породувањето мора да оди на копно и таму да се породи.
Но, најважното правило е дека не смеете да останете без пари. Свалбард дозволува секој да живее и работи на него, но само ако може да се грижи за себе и да има каде да живее. Во спротивно, им се заканува протерување од островот.
Таму нема јавен превоз, пензионерски дом или прифатилиште за бездомници.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден