во ,

Ставате внатре 100 евра, ви даваме 3 задачи. Ако ги направите, сè е ваше!

Влегол Перо во кафуле и кога стигнал до шанкот, гледа на него сад полн со книжни евра. Му фатиле окце па го прашува конобарот:

– Еј, што е ова?

Конобарот одма му одговорил:

– Ставате внатре 100 евра, ви даваме 3 задачи. Ако ги направите, сè е ваше!

Перо прашал:

– Добро, а што треба да направам?

Конобарот го погледнал од глава до пети, па му рекол:

– Прво треба на екс да испиете литро ракија, без никакви гримаси на лицето. Потоа треба да отидете во дворот и на бесниот пит бул да му го извадите болниот заб. На крајот треба да се качите горе на кат и да водите љубов со госпоѓа која има 70 години.

Перо извадил 100 евра и ги ставил во садот. Конобарот му дава флаша ракија, тој ја натегнал. Очите почнале да му солзат, но ја испил цела без гримаси. Го треснал празното шише од шанк и тргнал кон дворот клатејќи се лево-десно.

Кога ја затворил вратата зад себе, се слушнало лаење, па ’ржење и на крајот цвилење. После 15 минути, Перо се вратил во кафаната, се потпрел на шанкот и рекол:

– Добро, каде е таа баба со болниот заб??

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Немој синко, не треба, немам јас пари за овие чуда, рекла бабата…

Се натпреварувале Македонец, Американец и Русин кој подолго ќе може да зачува државна тајна…