во , ,

Се оженил синот на еден шумар, земал невеста од едно поодалечно село…

Се оженил синот на еден шумар, земал невеста од едно поодалечно село. Бидејќи селата им биле оддалечни многу, одење речиси цел ден, еден ден дошла бабата кај зетот да ја посети ќерката и останала два, три дена на гости.

После некое време бабата ќе си оди, но сватот, таткото на зетот бил шумар, па и рекол на снаата одејќи на работа ќе ја испрати и сваќата. И така додека оделе по патот, сватот и се фали на сваќата дека во неговиот реон никој не прави штета оти тој имал строги казни.

Радознала сваќата го прашала какви се тие казни, тој не сакал да каже но, на инстистирање на сваќата морал да и каже.

“Сваќе, штом толку ме прашуваш, ќе ти кажам. Ако фатам некој како ми сече, макар и една гранка од дрво без дозвола, наместо друга казна го еб..вам што сака нека биде маж или жена и тој повеќе штета не прави”

И така, патот долг патуваат и во еден момент сваќата му крши една гранка. Шумар и кажал дека, кој сака нека е, ако му направи штета ќе го казни. За казната, шумарот, ја онадил сваќата, а таа на тоа му вели казна си е казна, мора да се спроведе… 🤣

Одат така, после два саати пат, сваќата му крши пак гранка, со изговор дека заборавила, но казната си е казна, шумарот по втор пат ја казнил… 🤣

Ден голем, пат долг, после три саати скоро, сваќата пак истото, со изговор дека заборавила од уморот. И шумарот по трет пат ја казнува сваќата… 🤣

Одат така патот долг, сваќата го фали сватот, колку е доследен на казните и така по четири саати одење таа пак му крши гранка. Шумарот си молчи, не казнува.

Одат така таа пак му крши гранка но тој си молчи. Му крши таа и трета гранка, тој пак си молчи. Во еден момент таа му вели на шумарот:

“Море свату јас ти ја искршив шумава а ти молчиш, нели се фалеше со законот за казна”.

Бидејќи три пати ја казнил така изморен, исцрпен и одговара на сваќата:

“Е сваќе, реонот мој заврши, наваму е друг шумар, други правила, затоа јас не казнувам”

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Дизајни кои ни го отежнуваат секојдневниот живот

Неверојатна приказна: Запознајте го најштедливиот милионер на целиот свет