во ,

Мецо, дај да тепаме некого бе, имам нешто вишок енергија…

Оди зајакот кај мечката и и вика:

– Мецо, дај да тепаме некого бе, имам нешто вишок енергија. Ај на волкот ќе му идеме?!

– Ајде бе, супер идеја, само дај некоја причина, да не биде ептен така, за џабе.

Се мислел зајакот и рекол на крај:

– Ајде бе ќе го истепаме зошто не носи капа. Му отишле на волкот и само што го виделе одма:

– Абе, ти зашто не носиш капа!? И го истепале, лом го напраиле.

Поминало некое време, пак зајакот и отишол на мечката:

– Мецо, пак ми се тепа некој. Ај пак на волкот ќе му одиме!?

– Ајде бе, може, само дај некоја друга причина сега.

– Ќе му побараме цигара, ако ни даде со филтер ќе му речеме дека сакаме без филтер, а ако ни даде без филтер ќе му речеме дека сакаме со филтер и ќе го истепаме.

Ги слушнала лисицата и одма отишла кај волкот да му каже што се дешава, да се припреми.

Отишле зајакот и мечката кај волкот и му рекле:

– Волчко, дај цигара бе!

– Сакате со филтер или без филтер?

Се помислиле двајцава што да праат и зајакот викнал:

– АБЕ, ти пак не носиш капа, а!?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларна диета во Македонија која 100% не функционира

Сине, откако отиде во затвор, мене и на татко ти ни е многу тешко…