Едно убаво неделно попладне, три жени играле голф. Едната од нив не била премногу вешта и нејзиното топче летнало во шумата. Тргнала да го побара и наместо топчето, нашла жаба фатена во замка.
– Ослободи ме и ќе ти исполнам 3 желби и рекла жабата.
Жената не се двоумела многу. Ја ослободила жабата, на што таа и рекла:
– Фала ти, но заборавив да ти напоменам нешто. Се што ќе посакаш, твојот маж ќе добие 10 пати подобро.
– Немам ништо против била задоволна жената.
Нејзината прва желба била да стане најубава жена на светот.
– Но, дали си свесна дека твојот маж ќе стане нај нај најубав маж на светот? Вистински Адонис. Сите жени ќе го прогонуваат ја предупредила жабата.
– Нема проблем. Јас ќе бидам најубава жена на светот и тој ќе ме гледа само мене!
И така, жената станала најубава на светот. После тоа, посакала да стане најбогата.
– Но, тоа ќе го направи твојот маж десет пати побогат од тебе.
– Тоа воопшто не ми пречи, тоа што е негово, е и мое одговорила жената.
И така жената станала најбогата на светот.
– Која е твојата последна желба? – прашала љубопитно жабата.
– Сакам да добијам МАЛ срцев удар!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден