Улиците ќе бидат преполни со туристи константно, исто така и јавниот превоз и кафулињата, а цените на сѐ ќе бидат повисоки. Сигурно и вие понекогаш сонувате за живот покрај море со бел песок, палми во некое крајбрежно гратче, кое е атрактивна туристичка дестинација и со одење на плажа кога ќе посакате… И во мислите ви изгледа совршено.
Но, дали животот таму би бил така неверојатен како што очекуваме? Можеби ќе јадете морски плодови постојано и ќе уживате во мирисот на морето, но ќе има и некои негативни страни.
Причини зошто животот на туристичко место, покрај море, не е како од соништата:
Голема влажност на воздухот и негативните последици од тоа
Од тоа што ќе мора да ја сушите облеката во машина за сушење на алишта до тоа што ќе ви се случува со ѕидовите и таванот во домот да биде прекриени со мувла, преголемата влажност на воздухот (зависно од местото) носи доста негативни последици.
Ќе немате мир од иритантните туристи
Улиците ќе бидат преполни со туристи константно, исто така и јавниот превоз и кафулињата, а цените на сѐ ќе бидат повисоки. Замислете само да живеете во Венеција.
Надвор од сезона местото ќе биде пусто и тажно
Кога ќе настапат постудените денови многу кафулиња и ресторани ќе се затворат, ќе нема забави на плажите, нема да работат забавните паркови. Секако, не земаме предвид дека сега секако е затворено заради корона пандемијата, зборуваме за некои подобри времиња.
Како резултат на тоа местото ќе изгледа пусто и покрај тоа што ќе настапи долоочекуваниот мир што го посакувавте, можно е да ве зафати чувство на осаменост.
Кога ќе биде топло, и ќе постои опцијата – плажа, нема да сакате да работите
На тропските места ќе ви треба челична самодисциплина за да останете на работа во канцеларија, наместо да уживате на плажа како огромниот број на туристи.
Високи цени на недвижности и кирии, како и гласни соседи
Ако купите имот на централна и атрактивна локација ќе биде прескапо и можно е да имате соседи гласни туристи.
Може да биде проблем пронаоѓањето на работа за во текот на целата година
Откако ќе си заминат туристите многу работни места се затвораат до наредната сезона, па луѓе остануваат без работа.
Морето нема да ви биде возбудливо како претходно
Ако пред тоа секое одење на море ви беше врвно задоволство, сега ќе се навикнете на него и некогаш наместо на плажа, позабавно ќе ви биде да гледате телевизија дома.
Можно е да ја нема магијата на Нова Година
Ако сте навикнати на снешковци и студено време за Нова Година уште од детството, можно е да ви недостига оваа магија кога ќе славите со сонце покрај море (ако одберете таква дестинација). Интересно звучи Нова Година под некоја палма, но тој период од годината си асоцира на снегче, камин и чајче.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден