Разговараат доктор и пациент:
– Докторе, не можам да заспијам!!!
– Замислете си дека земате еден пакет со стотки и ги броите, сигурно ќе заспиете по некое време! По една недела:
– Што стана, помогна ли?
– Па, не, броев, броев и секогаш ми недостасува една стотка, и пак бројам, и пак… и не можам да заспијам од нервоза, што ми недостасува една банкнота. Докторот:
– Можеби подобро да се вратиме на конвенционални методи – ќе броиме овци! По уште една недела, човекот уште по нервозен и вознемирен. Докторот прашува:
– Што стана, ги броеше ли овците?
– Да, да… броев, броев и кога стигнав до последната овца таа ме погледна во очите и ми рече со човечки глас:
– А, беее, што стана со оние 100 банкноти?