Маж во години отишол во авто-салон и си купил ново Порше. Вози тој по патот со 160 на час, ветер во косата, девојки го гледаат, ма милина…
Погледнува во ретровизорот и гледа полицаец со ротација. Си мисли тој, ќе му побегнам и нагазува на 200 на час, но брзо се созема, помислувајќи дека е сепак престар за такви лудории и застанува покрај патот. Полицаецот доаѓа до него и му вели:
– Господине, смената ми завршува за 5 минути, ќе ве пуштам под услов да ми кажете зошто бегавте од мене?
– Па видете, жена ми избега пред една недела со полицаец, па се исплашив дека сега ми ја враќате!
Полицаецот се насмевнува и му ја враќа возачката…