Разговараат хирург, архитект и политичар за тоа кој е најстариот занает на светот.
Хирургот вели:
– Бог од реброто на Адам ја направи Ева. Ете, бил првиот хирург и тоа многу добар.
Го прекинува архитектот:
– Чекај, Бог ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се на самиот почеток, прво хаос, па настана ред. Кој би можел да направи ред освен архитект?
На тоа ќе политичарот:
– Добро, луѓе, а што мислите, кој го направи хаосот?