во ,

Отишол човек во фин ресторан, нарачал комплетен ручек, келнерот му донел супа за почеток…

Отишол човек во фин ресторан, нарачал комплетен ручек, келнерот му донел супа за почеток, и по половина минута гостин го вика келнерот.

Келнерот, пристојно:

– Повелете, господине.

Гостинот, подеднакво пристојно:

– Ве молам, пробајте ја оваа супа.

Келнерот:

– О, извинете, веднаш ќе ви донесам друга.

Гостинот:

– Не, не, ве молам, само пробајте ја оваа супа.

Келнерот:

– Господине, нема никакви проблеми, нам ни е многу важно да ја задржиме репутацијата на нашиот ресторан и ќе ви донесам друга супа со задоволство.

Гостинот:

– Но, не, јас навистина би сакал да ја пробате оваа супа.

Келнерот, обидувајќи се да ја прикрие нервозата:

– Добро. Добро. Да ја пробам супата. А… каде е лажицата?

Гостинот, благо победнички:

– Дошла мачка на врата…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10+ Моќни приказни кои би можеле дури и да направат ерупција од емоции

Прекрасна студентка во минич полага испит…